МЕХАНИЧАР НА ГОДИНАТА

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

"МЕХАНИЧАР НА ГОДИНАТА" 2012

УЧЕСНИЦИ ВО НАТПРЕВАРОТ

Во натпреварот може да учествува секој кој сака, и кој ги има потребните технички вештини и умешности. Кандидатите треба да се пријават не подоцна од три дена пред датумот на одржување на натпреварот. Регистрација може да биде направена и на сајтот www.euro07.mk или со пополнување на пријава во ЕВРО 07 (видете делот за контакти).

ЕТАПИ НА НАТПРЕВАРОТ

Натпреварот ќе се одржи во две етапи – национално натпреварување и меѓународно финале.

РАСПОРЕД НА НАЦИОНАЛНОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Скопје – 1ви Јули 2012г. Почеток во 10.00 часот.
Место на одржување: Power Auto,Ул.Скупи бб.Зајчев рид, Скопје

Финалната етапа на меѓународниот натпревар ќе се одржи на 22ри Септември 2012г.во Бугарија.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

Пред почетокот на натпреварот ќе се направи проверка на регистрираните натпреварувачи и ќе се потсетат на правилата на натпреварот.
Со ждрепка се одредува редоследот по кој ќе се натпреваруваат учесниците.
Се спроведува главниот дел од натпреварот.
Објавување на резултатите од натпреварувањето.
Наградување на победниците во националниот круг од натпреварот.

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

Учесниците во натпреварот ќе треба да ги заменат деловите од групата на делови подвозје на MOOG и делови од системот за сопирање на FERODO, при што ќе биде мерено времето на промената. 
Двајца натпреварувачи ќе работат истовремено на десната и левата страна за возилото.

Натпреварувањето ќе се мери со време, односно ќе се земе предвид времето за промена на деловите од подвозје на MOOG и деловите од системот за сопирање на FERODO.

Постигнатото време ќе биде зголемено со казнени секунди за:
Испуштен алат на подот -10 сек. 
Испуштени сврзувачки елементи на подот-10 сек.
Непридржување на условите за степенот на стегање- 20 сек.
Испуштен резервен дел на подот - 30 сек.
Не правилно монтиран резервен дел - 40 сек.

Клсификацијата се добива како севкупно време, што е вкупното време за работата и додадените казнени секунди.
Пред натпреварот автомобилот ќе биде подготвен, со што ќе бидат извадени тркалата и ќе бидат монтирани нови делови.

МАТЕРИЈАЛНО-ТЕХНИЧКА СИГУРНОСТ

Возилото подигнато на дигалка.
Тркалата отстранети и осигурани.
Предвреме заменети деловите кои се предмет на работа.
Крената рачната кочница.
Организаторите ги обезбедуваат алатите со кои ќе работат сите учесници. Не се дозволени алати, различни од оние што се предвидени од страна на организаторите.

ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА

Резултатите од работата на натпреварувачите ги соопштува судиска комисија, составена од организаторите (постигнатото време и кавлитетот на работа).
Времето се мери со индивидуален тајмер кој самиот натпреварувач  го пушта и запира.
Квалитетот на работа се зема предвид од страна на судиската комисија.
Резултатите се архивираат во записници (кои натпреварувачи постигнеле рекордно време за работа, казненото време за квалитет на работа и постигнатото вкупно време). Извештајот со резултатите е потпишан од страна на судуската комисија
Резултатите од националниот натпревар ќе бидат објавени и на сајтот www.euro07.mk .

ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО

За финалниот круг ќе се пласираат по три учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Русија и Украина, со постигнато најдобро време во националните натпреварувања.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФИНАЛЕТО

Финалниот круг на натпреварот ќе се одржи на 22 Септември 2012г.во Бугарија.
Квалификуваните екипи за финалниот круг ќе бидат известени однапред за времето и местото на одржување на финалниот натпревар.
Со ждрепка се одредува редоследот по кој ќе се се натпреваруваат учесниците.
Се спроведува натпреварот.

Се објавуваат постигнатите резултати на натпреварувачите.
Доделување награди на победникот од финалиот круг на натпреварот.
Учесниците во последниот круг можат да добијат само една од наградите(видете во делот Награди).